КОНЦЕРТ НА КУД МОМИНОК

КУД Моминок утревечер од 19 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен концерт на кој играорците ќе го презенетираат богатиот македонски фолклор. Гости на вечерта се КУД „Иван Цветковиќ“ од Гркиња од Р. Србија и пензионерите „Пенка Котеска“.

КУД Моминок е формирано во 2003 година. Работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“. Настапувало на бројни фолклорни фестивали, манифестации, собири низ Македонија и во странство, презентирајќи го богатиот македонски фолклор, за што е добитник на награди и признанија. 

Loading