ДРОНОВИ КАКО ОСИ

Спортско воздухопловство: Светски куп

– Леталата минуваа низ капии со 150 километри на час

Moment od Svetskiot kup

На теренот од стадионот „Могила“ се одржа Светски куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот „Фил феникс“ и Воздухопловната федерација на Македонија, според календарот на Интернационалната воздухопловна федерација. Гледачите уживаа во убавините на најновата дисциплина. Иако секоја трка траеше кусо, само околу минута ипол, беше мошне возбудливо, бидејќи се “мереа”  силите на две летала наеднаш, летајќи низ капии, со брзина до 150 километри на час.

Учествуваа: седуммина Бугари, четворица Македонци и една Италијанка, а дуелите беа по рунди. Најуспешен меѓу нашите репрезентативци беше младиот Бојан Ников, кој прво се сретна со двајца Бугари (го совлада Живко Радев, загуби од Златко Радев), потоа го победи својот татко Александар Ников, па уште двајца Бугари (Калојан Димитров и Златко Радев во реваншот). Така финалето беше Бојан Ников – Дилијан Печев, во кое Бугаринот победи и стана победник на Светскиот куп. Ников, покрај сребренета, освои и две златни плакети, во јуниорска конкуренција, како и во рангирањето за Националниот куп.

Директорот Здравко Тодороски од учесниците прими честитки за организацијата, а Прилеп се запиша меѓу градовите – домаќини во првата сезона на Светскиот куп.

Loading