200 ЏИПОВИ НИЗ УЛИЦИ ДО ЛАГОВО

2 MACEDONIAN TROPHY

Утре и задутре полигонот за екстремни спортови кај селото Старо Лагово ќе собере околу 200 љубители на off roud спортот, на трката со теренски возила и уште илјадници гледачи на вториот меѓународен натпревар со џипови “Macedonian trophy”. Ќе се натпреваруваат возачи од Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Македонија. Организатор е “Off road” клубот од Прилеп.

Според претседателот Панчо Чупаркоски, ова е единствениот ваков натпревар од меѓународен карактер во земјава и е промоција на Прилеп како спортско – туристичка дестинација за возбудливи спортови.

– Лани, на дебитанската манифестација, ги исполнуваме сите станарди. Публиката се воодушеви од мајсториите на возачите на џипови. Година се пријавени повеќе учесници и натпреварот ќе се одвива според сите европски стандарди – изјави Чупаркоски.

Утре ќе се возат 30 километри, а в недела по 4 километри.

3 Miloseski i Cuparkoski od OFF road Prilep

– Натпреварувачите се собираат во центарот на градот и се упатуваат кон полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово. Ќе се возат 30 километри со читање книга, што значи совозачот ќе го упатува возачот во која насока да вози. На 30 километри се предвидени седум специјали. Тоа се кратки, тешко минливи патеки за што е потребна синхронизација на возачот и совозачот за пократко време да се мине патеката. Една од етапите е од центарот на градот, преку полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово, кон селото Селце, а оттаму преку месноста Шаторов камен под Селечка планина и рели-возачите се враќаат на пологонот во Старо Лагов. Ќе се возат  три категории: trophy, најекстремна со специјална опрема, потоа advencer, и хоби или туристичка на возење на џиповите –  вели Чупаркоски.

В недела на полигонот е предивидена затворена патека од 4 километри и возачите со совозачи ќе се борат да освојат најдобро време.

Се очекува в година натпреварувањето да се бодува во меѓународните натпреварувања.

Покровител е општина Прилеп.

Loading