ЖЕНА – СУДИЈА

Борење

Првата жена – судија во државава, во борењето, е прилепчанката Тамара Игнатовска (21). Успешно помина на тестовите од Федерацијата за борење и се здоби со статусот национален судија. Судеше на два турнира, во Неготино и во Велес, каде го собра почетното искуство. Натаму може да дели правда на изборни, државни првенства и турнири. Пред неа е одлуката дали во иднина ќе се посвети само на судењето или и натаму ќе биде борач, како и изминатите две години. 

На турнирите во Неготино и Велес успешно настапија и членовите на БК 7 Мај Леов – Стефан Стојаноски и Барбара Стојкоска со по едно прво и второ место, Филип Стојкоски со второ и трето.

Loading