ТЕГЛИ АЈВАР И ПЕРНИЧИЊА

2 Zimnica em pernicinja

Дојдоа со тегли ајвар во рацете, а заминаа со насмевка на лицето и перничиња во прегратките. Компанијата Комфи Ангел ја посетија  дечињата од  градинката Вишне. Донесоа вкусна зимница поготвена од нивните мајки и баби. Целта на посетата беше продажба на зимници и други производи изработени од нивната работилница. Средствата кои ги собраа ќе ги вложат во подобрување на условите во градинката.

– Вработените во компанијата несебично учествуваа со свој придонес во акција од прекрасните дечиња со нивните вкусни производи. Комфи Ангел им посакува среќно и весело детство исполнето со многу радост – стои на ФБ профилот на компанијата.

На крајот на продажбата, на дечињата им беа доделени украсни перничиња. 

Loading