„СЛИКИ ОД ЖИВОТОТ“ НА СНЕЖАНА ПАНОСКА

Нова поетска збирка

6 snezana panoska so nova kniga

Снежана Паноска, тивко, ненаметливо, како што чекори низ катадневието дарува трета поетска збирка  насловена „Слики низ животот“. На промоцијата Живко Карески рече дека песната е присет на едно време, потсет на саканите и личности.

– Ослободена од стегите на ритамот и римата, како во двете стихозбирки, се отвора срцето и како тивок, планински поток и низ стихови ги пушта да течат чувствата, спомените, желбите и копнежите. Секоја песна наликува на парче живот, мој или нечиј – рече Карески.

За Блага Тутеска, песните се импресивна рефлексија на нежност и чуствителна душа.

Паноска е член на Клубот на литературни творци Прилеп. Ставила потпис на збирките “Песни од мојата душа” и “Илјада ѕвезди”. За втората е добитник на првата награда на Здружението на просветни работници и литературни творци на Македонија.

Loading