БОРБИ ПРЕД АМБАСАДОРКАТА

Џудо

Turnir vo judo

Во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во организација на ЏК Сеишин се одржа деветтото издание на Меѓународниот турнир „Прилеп, град херој“. Покрај присуството на локалните, националните, балканските и меѓународните претставници, гости имаше и од лулката на џудото, Јапонија, како амбасадорката во земјава, Кеико Ханеда и поранешниот почесен генерален конзул, Казу Лешниковска. Над 250 учесници од шест држави (Црна Гора, Бугарија, Грција, Албанија, Косово и Македонија) ги претставија квалитетите во три возрасни категории. Одлично се покажаа и прилепските клубови (Бушидо, Мастер, Пролетер и Сеишин). На Пролетер му припадна признанието за најдобра екипа во категоријата деца.

Во групата кадети најуспешна беше Илинден од Софија, а кај пионерите Кастриоти од Феризај.

Loading