Од 12 до 14 октомври во кино Мис Стон традиционално ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм, што ЦК „Марко Цепенков“ го организиара со германската амбасада. Стартот е в четврток од 20 часот со филмот „Чик“. В петок се проекциите на два, а в сабота на три филма.
Фестивалот докажува дека филмот живее и дека не стивнува интересот за „големото платно“.