БЕЗ ФАВОРИТИ

Ракомет

Спортските љубители отсекогаш бараат рамноправна лига каква што е сезонава во Супер лигата за мажи. Според првите две есенски кола, нема фаворити. Лидерот Радовиш одвај двапати победуваше со по гол разлика, а фаворитот Охрид изваде само реми кај Еурофарм во Битола. Пелистер е со половичен успех. Нема фаворити, ниту аутсајдери. Екипата на Прилеп освои три од шесте бода, во два меча со мошне интересен, динамичен и неизвесен тек. Прво испушти водство во Скопје и загуби со 31-28 од Металург 2, а потоа дома со 29-27 го совлада цврстиот состав на Пролет. Ривалите се менуваа во водството, најмногу со три гола. Во финишот повеќе сили и концентрација имаше во редовите на домашниот тим, каде сите што играа дадоа максимум. Одличн на голот беше Јовановски, а кај стрелците се издвоија: Петкоски со 8, Вешоски со 7 и Јанчев со 6 гола. Викендов е гостувањето кај Борец во Велес.

Младиот состав на женскиот тим Деспина загуби со подносливи 28-20 во Куманово, од истоимениот домашен фаворит. Следниот меч е дома со Пелистер, на 8 октомври.

Loading