Шах
Во шахот се е до максимум пресметано. На турнирот во Пула, Хрватска, ФМ Роберт Велески освои 30 рејтинг поени, потребни за натамошен подем, евентулно да стигне до погорна титула – интермајстор. Ги освои затоа што учествуваше на силен турнир, на кој постигна одличен пласман. Беше рангиран како 30-ти, а на конечната табела е на 15 место, со 6 поена. Со отпор загуби од велемајсторот Ферчец, а ремизира со интермајсторот Зуфиќ, двајцата Хрвати.
Учествуваа 139 шахисти.