СПОНЗОР ОД СРБИЈА

Џудо

Многу спортски клубови немаат спонзори, а релативно младиот џудо клуб Бушидо, кој по десет дена ќе го слави третиот роденден, успеа да добие спонзор дури од Србија – Моцарт обложувалници. Компанијата со многу филијали во државава, го нашла својот интерес. Сигурно во предвид е земена сериозната клупска организација, резултатите низ петте репрезентативци, а се исплати и упорноста на управата. Преку спонзорот купени се десет лиценцирани кимона од Светската џудо федерација. За возврат истакнат бил транспарент со логото на спонзорот, на турнир во Бјелина, Босна, каде клубот освои десетина медали, како единствен претставник на Македонија.

Loading