ИСПУШТЕНО ВОДСТВО

Ракомет

Планираните три бода на стартот од Супер лигата беа на дофат за екипата на Прилеп. На гостувањето кај Металург 2 во Скопје, според информациите, во самиот финиш било водството од 27-28. До крајот, домаќините успевале да дадат четири гола во серија, да не примат ниеден и конечниот резултат е во нивна полза, 31-28. За гостинскиот тим, на тренерот Ице Соколески, првиот натпревар во сезонава го одиграа; Јовановски, Ивчески, Петкоски 9, Ѓорѓиески 5, Шаин и Вешоски по 4, Јанчев 3, Рајатовски 2, Бозароски 1, Тодороски, Спасески, Шокоски, Амзоски, Нешкоски и Јанески. Викендов е мечот дома со Пролет.

Во Женската лига, во првото коло, Деспина со млад состав не успеа посериозно да му се спротивстави на Овче Поле од Свети Николе. Гостинките во првото полувреме поведоа со убедливи 9-14, а до крајот на мечот разликата се зголемија и достигна до 22-35. За Овче Поле најмногу голови даде Анчева – 11, а втор стрелец беше довчерашната првотимка на Прилеп, Саздова со 8. Тренерот на Деспина, Страшо Илиески, ги имаше на располагање: Богеска, И. Ристеска, Камческа 13, Крстевска 3, Далевска 2, Јовеска, Цветкоска, Седлоска и Димитрова по 1, С. Спиркоска, Рипилоска и Ристевска.

Во следното коло прилепскиот тим е гостин на Куманово.

Loading