ПОБЕДА ЗАСЛУЖУВА ПОЛНИ ТРИБИНИ

Фудбал: В недела гостува Академија Пандев

– Сензационалното реми со Шкендија е покана за гледачите

Radosta na fudbalerite na Pobeda vo   Tetovo

Во фудбалот секој меч е борба за бодови и за гледачи. Победа извади сензационално реми со вицешампионот и големиот фаворит, Шкендија. Да се извади 3-3 во Тетово, во овој момент, е големо изненадување. Тешко дека некој погоди на обложувалница. За малку ќе беше и 2-3 (со головите на Најдовски, Цветаноски и Гешоски), но судиите превидоа чиста офсајд – позиција и Шкендија израмни на 3-3 пред крајот.

Ова е убава покана за навивачите на Победа да дојдат на стадионот Могила в недела (15.30 ч.) кога во 5. коло од Првата лига гостин е струмичкиот тим на Академија Пандев. Домашните со борбена игра, со срце, заслужуваат полни трибини. Нужна е поддршка  продолжение на серијата. Претходно дома со 2-1 беше совладан Шкупи и сега е шанса да се ,,врзе” серија од три меча без пораз и со зголемено бодовно салдо совреме да се фати место во средината од табелата.

За играта се највредни коментарите од неутралните медиуми. Тие го избраа Зоран Штерјовски за најдобар тренер на 4. коло, оти одлично ги прочитал тактиката и формацијата на Шкендија, знаел кај се слабите страни на фаворитот и што требаше да направат неговите момци за да освојат бод. Во тимот на колото се тројца од Победа – Филип Најдовски, Јорданчо Наумоски и Благоја Гешоски. Токму Гешоски е најдобриот играч. Тој зачудувал со играта како играч кој одамна требало да оди во пензија. Во најпотребното си поигрувал со домашните играчи, кои во финишот не можеле да му ја одземат топката.

Табела: Шкендија 10, Пелистер 8, Академија Пандев 7, Вардар (-1) и Силекс 6, Шкупи и Победа 4, Работнички (-1), Скопје и Ренова 2.

Шанса во Купот

Во средата се одигра првиот меч од осминафиналето на Купот, во Штип: Брегалница – Победа (2 -3). Претстои реванш во Прилеп на 18 октомври и шанса да се влезе во наредната рунда. Купот е покус пат до Европа и треба да се направи обид да се искористи.

Loading