ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ

Ракомет

Викендов стартуваат првенствата во Супер лигите во женска и машка конкуренција. Во Женската лига наместо Прилеп, претставник на градов е екипата на Деспина. Во првото коло домаќин е на Овче Поле од Свети Николе. Во лигатаима уште шест тима: Гевгелија, Куманово, Пелистер (Битола), Вардар јуниор, Металург и Вардар (Скопје), актуелниот шампион и вицешампион на Европа. Оваа екипа, според распоредот, треба на 11 октомври да гостува во Прилеп.

Во Супер лигата за мажи учествуваат 10 тима, меѓу нив и Прилеп. Екипата предводена од тренерот Ице Соколески од стартот има шанса за три бода во Скопје против младата екипа на Металург 2. Првиот меч дома ќе биде наредната сабота, со Пролет од Скопје. Останати членови на лигата се: Вардар јуниор (Скопје), Еурофарм, Пелистер (Битола), Младост (Богданци), Охрид, Радовиш и Борец (Велес).

Екипите од Сеха лигата, Вардар и Металург, ќе се приклучат во завршницата, напролет.

Loading