МУАБЕТ НА МААЛО

Аце за нас ништо не остајл

– Комшија, шо така си стуткан ко комарџија да те држел на покер.

– Бетар. Сношти се “презобав”, па глата не знам кај ми е. Ја имаш читано онаа “Од главата си патиме”?

– Еее, колкупати, ама никако да разберам шо сака да кажи. И тебе како да не ти влегува салам.

– Ми влегува, ама брго заборавам. На “читањето”, ко че легнат муабетчината, ела стани.

– Шо муабети? Стрижена – бричена…

– Те гледам ретко на “читање” в кафана, овај  в “читална”, Сега не е ко порано. Се прат сериозни муабети. Можиш да научиш.

– Си играш дрн-дупка со мене. Да не ти чади глата?.

– Учиш шо не си сонувал. Појче не се прај муабет за Џорета од Крушејца, Митрета од Смолани или Спасета од Долнени. Умре то време. Помладиве “читатели” многу знаат. Не се излегува накрај. Зато појќе седам, “кревам и учам”.

– Шо научи в кафана? За кревање те бидува, ама за учење…

– Научив во мариовскана, а колку, не знам. Че те прашам, ти знајш кој е Плутарх.

– Без него да останам, ако го знам. А тој ме знај мене?

– Таков че си останиш. Тиква. Слушај и учи. Че те боли глата два-три дена, ама многу че знајш.

– Добро, кажи за тој, како го викаш, твојо Плуттт…

– Плутарх ти бил некој многу учен. Убо пишувал за нашио Аце…

– За кој Аце бе, за Неше?

– А бе каков Неше, Нешко еден. За Аце, Александар, големио, македонскио.

– Е то е, ко џа интересно. И?

– Тој му го опишал целио живот. Море бил ваков, таков, храбар, на никого не му се плашел, сите ги тепал, сé шо че сратнел фиран праел, дали биле Грци, Турци, Бугари Персијци, и не знам кои други клети племиња. Сé поробил. Мајката му ја расплакал… Истепал сé до Индија кај слонојте.

– Шо мајка барал таму?. Шо не си седел дома до женичката. Да тепа некого, требало џенем да оди?

– Не одел оти му се мавало или тепало. Им делел култура, оти тие народи биле прости, диви, заостанати. Ништо не знаеле, тупи ко тебе. И појче. Ништо не ти влегува во тимбата!

– Јасно ми е зошто, ние, Македонциве сме зашеметени. Тој е крив. Делел, делел, делел на други, а за нас ништо не остајл.

– Ништо не разбрав, дури сега ме зашемети.

Џага Дур. 

Loading