МАГНУС – НОВ СТОБИ ФЛИПС СО ПОВЕЌЕ КИКИРИКИ

Новиот Стоби флипс од Витаминка е со 30 отсто кикирики, покрцкав, со поголема форма на флипсот и во повеќеграмско пакување. Создавањето е во чекор со најновите трендови и е одговор на барањата на потрошувачите за флипс со збогатен и поинтензивен вкус на кикирики, од состојки со врвен квалитет и според добро познатата рецептура за препознатливиот флипс.

– Развојот секогаш ги следел барањата на пазарот. Така и Магнус Стоби флипс ги спојува модерната технологија за создавање флипс којшто изобилува со вкус на кикирики и најголемата форма на флипсот, збогатувајќи го пазарот со она што недостасуваше.  Магнус ја исполнува таа празнина и нуди поголемо уживање. Омилениот македонски флипс се одликува со уникатност, висок квалитет и единствен препознатлив вкус, а вредноста доаѓа од популарноста меѓу повеќе генерации – изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.

Новиот флипс Магнус веќе е во сите супермаркети, маркети и целата малопродажна мрежа.

Loading