ЈАНЧЕВ ВО ФОРМА

Ракомет

Три пораза доживеа екипата на Прилеп на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“: 24-25 од Пролет, 30-39 од Пелистер и 39-31 од Борец. Сепак, тоа не е мерило за квалитетот на „жолтите“. На пријателските мечеви приоритет е играта, а не резултатот. И порано, речиси истото се случуваше, а форма се покажа во првенството. Се очекува екипата да ги прикажа своите можности. Клубот првенствено се покажа како домаќин. Учесниците заминаа задоволни од салата „Ричко“. Пехарот од градоначалникот Марјан Ристески му припадна на Пелистер, второто место е за Пролет, третото за Борец, четвртото за Прилеп. Најдобар играч е Васко Андоновски (Пролет), голман – Милош Рајчиќ (Пелистер), а најдобар стрелец – Јане Јанчев (Прилеп).

Во Прилеп се новите голмани Јовановски и Митрески, крилото Рајатовски, бековите Карановиќ и Шаин.

Loading