„ДЕНЕС, КОГА СТАНУВАМ ПИОНЕР …“

6 Davam cesen pionerski zbor

Се до 1991 година, до распаѓањето на социјализмот, секое дете кога ќе наполни седум години стануваше титов пионер на 29 ноември, Денот на републиката. Прилепските, како и другите деца манифестацијата ја сфаќаа сериозно. Со недели ја учеа заклетвата за приклучок во пионерската организација. Првачињата со сини титовки и црвени марами околу вратот, со родителите, бабите и дедовците, во хор даваа заклетва дека од тој ден се колнат за верност кон Тито. Децата беа охрабрувани од учителите да ги цртаат знамињата на Југославија и СР Македонија, на мали листови од блокчиња.

По 91. година, на децата им исчезнаа “државните” обврски. Добиваа лепенки од Обединетите Нации дека станале членови на детското глобално семејство. Сепак, сите што станале пионери, веројатно уште ја чуваат марамата и капата, како доказ дека поминале едно животно поглавје, без оглед на сменетиот општествен систем.    

Loading