ПРВЕНЧЕ НА ДИМЕСКИ ВО БИТОЛА

Poddrska z aprvata izloba na Emil   Dimoski od kolegite

Прва самостојна изложба на Емил Димоски на Балканската колонија на ракотворци во Битола. Со триесетина макети, дрвени куќарки, слики се претстави на петото издание на Балканската колонија на ракотворци. Професорот по математика и

физика во ОУ ,,Добре Јованоски,, со години со многу љубов, трпение, изразена креативност ги создава оригиналните творби преку кои ја зачувува старата архитектура, односно селските куќи од заборав, особено мариовските.

– Секое дело е мистериозна инспирација, скриена порака, која успешно се проткајува низ камчињата и ливчињата на бескрајот… Делата немаат димензија, временска рамка, пазарна вредност, бидеќи се полни со љубов, трпение, спокој, мир љубопитност, добрина и страсти, бидејќи неговите дела ја пресликуваат неговата бесценета душа – вели Јулија Ѓурчиноска, професор.

За делата творецот користи оригинални природни материјали. Собира камчиња, дрвца, плитари, керамиди, сé што се наоѓа во околината.

– Уживам додека создавам. Најголемо внимание посветувам на предниот дел. Чардакот инспирира. Куќите се како слика во три димензии. Секое камче мора да си го најде соодветното место – вели Димоски.

Минјатурните куќарки пленат при внимателно рагледување. Посетителите во Битола имаа шанса за несекојдевно уживање.

Loading