УЕФА – ПЕХАРИТЕ ВО ПРИЛЕП

На 2 Август

Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, Супер куп – мечот во Скопје меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, највредните пехари што ги доделува Европската фудбалска федерација (УЕФА), за победниците од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Супер купот, ќе имаат осумдневна турнеја низ Македонија, а меѓу деветте привилегирани града е и Прилеп. Трофеите ќе бидат изложени на празникот 2 Август од 18 до 20 часот. Ќе биде овозможено сликање на фановите и ќе се организираат разни игри за тестирање на знаењето. За најуспешните се обезбедени награди. За најмладите предвидени се и фудбалски натпревари на мини-терен.

Мечот Реал Мадрид – Манчестер јунајтед е закажан за 8 август во 20.45 часот на ,,Телеком арената” во Скопје.

Loading