ОРГАНИЗИРАН НАПАД И ВИСОКА ОДБРАНА

Фудбал: Победа бара препознатлива игра во Бугарија

– Шанса добиваат сите првотимци

Trening vo Basnko - Pobeda

Екипата на Победа цела недела е во Банско, Бугарија, на втората фаза од подготовките. Покрај тренинзите, се играат и пријателски натпревари. По првиот тест со бугарскиот третолигаш, Арда, загубен со 0-1, со гол од пенал, тренерот Зоран Штерјовски ги кажа првите впечатоци.

– Примарно сум задоволен. Загубивме од амбициозен третолигаш. Играта беше на високо ниво. Имавме контрола, посед на топка до завршната фаза, каде недостасуваше концентрација. Противникот играше затворено, со 10 играчи во одбрана и тешко се создаваа шанси на тешкиот терен поради силниот дожд. Единствениот гол го примивме по првото доаѓање на противникот во нашиот шеснаесетник, по контра и досуден пенал. Во вториот дел внесовме осум играчи и продолживме со напади. Најзрелата шанса ја имаше Цветаноски, кој го помина голманот, но на гол-линијата спаси нивниот стопер. Форсираме создавање на препознатлива игра, организиран напад и високо поставена зонска одбрана. Резултатите се битни, но не се најважни. Најзначајно е воигрувањето на тимот – информира тренерот.

Во вторникот се одигра дуелот со македонскиот прволигаш, Академија Пандев (1 – 0), потоа со третолигашите, вчера со Беласица Петрич, а утре со Гоце Делчев Пирин.

Третолигашки милионери

На прв поглед изледа разочрувачки кога ќе се загуби од третолигаш. Но, за Победа треба да се има предвид дека бугарскиот третолигаш Арда има само третолигашки статус, а организациски е на прволигашко ниво. За ова зборува буџетот од милион евра и амбициите за Втората лига, задача мотивирана со највисоки премии во Лигата.

На мечот Победа настапила во состав: Дав. Талески – Георгиевски, Ристевски, Хумбатов, Илијовски – Ј. Наумоски, Ацески, Мустафов – Станиќ, Шаркоски, Маневски, а во вториот дел настапиле и останатите: Јованоски, Котевски, Крстески, Илиески, Најдовски, Карчески, Цветаноски, Трајкоски, Неданоски, М. Наумоски, Гешоски.

Loading