САЛИДА АКВА ПАРК

Vodeni ludorii

Прилеп доби ново место за разладување. Тоа е аква паркот во комплексот Салида во близина на Паркот на револуцијата. Најсофистицираниот воден парк во Македонија нуди разновидни водени содржини со што е место за многу адреналин, но и за здравици и среќни мемории летово.

По бомбастичното свечено отворање на Петровден, со Жаре Бербер и 18+бенд, Салида аква паркот дефинитивно е сцената за најдобрите афтери за време на Пивофестот. Вчера настапи Димитар Андоновски и Тајфата, а вечерва забавата е во рацете на диџејот Боби. В сабота се Мики и Алекс (Звезде Гранда), а в недела Cyrilic.

Со Салида аква паркот, летото доби нова, динамична и хит димензија. 

Loading