КОШАРКАРСКА ФУЗИЈА

Историја

На 22 јули 1988 година кошаркарските работници од градов ја преточија во дело дотогашната идеја за фузија на два клуба – дотогашниот републички лигаш Тутунски комбинат и новиот републички лигаш, Енергоинвест 11 Октомври. Новото име беше – Градски кошаркарски клуб 11 Октомври. Претседател стана Орде Николоски, а секретар Пеце Мартиноски. За шеф на Стручниот штаб беше назначен дотогашниот тренер и играч, Михајло Атанасоски, а женската екипа и младинските категории доби задача да ги води Зоран Пурдески.

Loading