ЗАСИЛУВАЊА – СЕТИНОВ И ГРОШЕВ

Историја

Летото 1981 година владееше еуфорија по влегувањето на Победа во Втората југословенска лига – Исток, а во пресрет на почетокот на есенскиот дел. На барање од новиот тренер, Србинот Мирослав Червенски, беа донесени засилувања. Голманското место го зазеде Момчило Грошев (Победа В.), подоцна незаменлив меѓу стативите на скопски Вардар, во одбраната застана Драги Сетинов (Саса), истиот кој се прослави во дресовите на Вардар и сплитски Хајдук. Пристапија нови деветмина, приклучени на дотогашните, меѓу кои беше Илија Најдоски (потоа играч на Вардар и Ц. Звезда), како и Патоски, Димитровски, Глушески, В. Димоски, О. Котески, Л. Петрески, Манески, Магдески, Глигороски, Сусулески, Милосовски, Крстески, З. Конески, Б. Кулески…

И со овој квалитетен играчки кадар, Победа отпадна од Втората лига.

Loading