Шах
Фидемајсторот Роберт Велески високата форма ја покажа на Меѓународниот турнир на островот Шолта, Хрватска. Меѓу 110 учесници од 19 држави, го освои 14 место, што е многу повисоко од стартното 28. – Поразот од интермајсторот Ненад Дориќ ме оддалечи од борбата за повисок пласман – задоволен е Велески.
Прилепчанецот влезе во групата наградени – доби 100 евра.