„4 Ж“ ОД АЛЕКСАНДРА ПЕТКОВА ГИАНЕЛИ

Тематската изложба „4 Ж“ од уметницата Александра Петкова Гианели ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. На видело е најновиот циклус слики во акрил и мешани медиуми, насловен „4Ж“ (жена, желба, жиг и живот) во кој е воочлива визуелно естетската привлечност. Низ елегантните и раздвижени женски фигури се истражуваат и се обликуваат модалитетите на природата, потенцијалот, плодноста и потребата на биолошко и индивидуално рамниште за ликот…

– Женските ликови изгледаат освестено и будно, со широко отворени очи и јасно насочен поглед, крај поставени мистериозни и дистанцирани машки фигури со животински симболи на мажественост, поблиски до мечти и соништа, отколку до луѓето, потенцирајќи го просторот како поле на неоствареност и потенцијал – вели авторката.

Петкова Гианели е дипломиран вајар, со подотсек рачна изработка на хартија при ФЛУ Скопје. Во 1999 г. е добитник на прва награда “Јустинијанова Порта”. Од 2012  живее и работи во Кина, каде има остварено три самостојни изложби. Имала изложби во Бугарија, Грција, групни низ земјава, Грција, Бугарија, Романија, Италија, Турција… 

Loading