МОСТОВИТЕ БИЛЕ ГРАДСКА ЖИЛА

7 Mostiv za zivot

Преку неколку дрвени мостови се минувало од едниот до другиот дел на градот. Реката секогаш го делела Прилеп од кај саатот и отаде саатот. Дрвените греди и штици кои крцкале под нозете и товарот на запрежните коли и добитокот, често биле носени од водени стихии, поради нерегулираното корито. На пролет, мостовите биле мета на водените налети. Сепак градските власти ги санирале да не се прекине врската од двете страни, комуникацијата со чаршијата каде се пренесувале стоки од Солун и кон Стамбол. Мостовите биле животна жила и за селаните кои со натоварени маски со сирење, волна, пченица и други продукти доаѓале в град и пак со претоварени добитци и коли со воловска запрега се враќале со сол, шеќер, газија. Само чорбаџиите можеле да си го дозволат луксузот мостовите да ги врват со чези. 

Loading