МЕДАЛИ ОТСЕКАДЕ

Џудо

Нема умор за прилепските џудисти. Каде и да настапуваат, освојуваат медали. На турнирот од меѓународен карактер во Струга, ЏК Сеишин се избори за девет медали (еден златен, пет сребрени и три бронзени). Најуспешна е Теона Настоска со првото место до 22 килограми. Вторите места ги достигнаа: Теа Настоска, Теодора Тасеска, Матеа Дамческа, Милена Атанасоска и Димитри Џокоски. Клупското постигнување го заокружија третопласираните во своите категории: Маринела Атанасоска, Стефан Врглески и Андреј Сотироски.

Пред летниот одмор, членовите на Сеишин ќе учествуваат на Меѓународниот турнир во Солун, Грција.

Loading