ПРВАТА ЉУБОВ ПОД КРАЛ МАРКО

5 Krale Marko gi sobira mladiteАко некогаш место за средба на младите беа рекламите, денешната генерација адолесценти веќе најде нова зборна локација. Станува збор за споменикот на Крал Марко во центарот. Секоја вечер, па и денски, особено лете, младите се наоѓаат кај монументалната скултура за да продолжат да ги движат нозете по плочникот или да потседнат на забава со музика во некое од соседните кафулиња. По сé изгледа дека тука има и ,,судири,, односно паѓаат првите насмевки за симпатиите, првите допири по рацете, намигнувања, праќање смс пораки и други марифети за додворување на саканата личност. 

Повозрасните паметат дека нешто слично имаше десетина метри подалеку, кај филмските реклами, ама пред четири-пет децении, кога низ булеворот се корзираше, а сообраќајот не беше дозволен.

Како и да е, секоја генерација млади најдува некоја локација која ќе им се вткае трајно во меморијата. 

Loading