ЦИГЛИ СО ПОТ И ЗОРТ

9 Macna podgotovka na cigli za pecenje

Денес се користат армиран бетон, дупла блок цигла, бехатон плочки, мермерни блокови за градење објекти и поплочување површини. А некогаш главен градежен материјал била печената тула. Се мачеле претците да направат материјал за ѕидање. Работеле во смени, без престан. Најнапред се барало салам земја, глина, потоа да се обликува и стане зајре за ѕидарите и тесарите. Биле потребни денови со марифет да се направат тулите во калап. После се печеле циглите под оган, едновремено сушејќи ја и снагата на работниците кои од себе ги фрлале дури и алиштата.

Со пот и зорт се печеле тулите. Денес градби со плитари има малку. Уште на сонце се суши градежниот материјал, но постапката е мошне поедноставна. Дробалки го мелат каменот, а мешалки ја прават смесата која потоа врви низ калапи.

Секој занает има свој марифет. Но и за секоја работа треба да се спотни снагата. 

Loading