ПРИЛЕПСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ПРОТИВ ЖЕШТИНИТЕ

ЦК „Марко Цепенков“

3 Masovnost na praznikot na teatarot

Со старт на ликовната колонија Дрен и со концертот на Камерниот оркестар Битола в понеделник почнува традиционалната манифестација Прилепско културно лето.

На десеттото издание на колонијата Дрен, во ликовното ателје и во дворот на Центарот ќе творат десетина уметници од земјата и од странство, кои на градот ќе остават вредни уметнички дела во трајна сопственост. Покрај неколкуте прилепски уметници, ќе творат Андриана Мациев, Новица Трајковски, Драган Најденовски, Владимир Темков (Македонија) и Елена Ривка  Беларева и Виктор Пушкин од Русија, како и Маријана Везарова и Пламен Бонев од Бугарија… Делата ќе бидат презентирани на изложба.

Во 20 часот во ликовниот салон под мотото „Акустична Рок симфонија„ ќе настапи дел од Камерниот оркестар на Битола со акустична верзија на безвременски рок композиции препознатливи за сите генерации. Камерниот оркестар е основан пред неколку децении. Составен е од професионални музичари.

На културното лето од 21 до 23 јуни, во киното Мис Стон ќе се одржи Француски филмски фестивал.

В среда ќе се ужива во филмот „Маестро”, в четврток е „Случајот Си”, а в петок „Три срца”.

Loading