МЛАДИТЕ ГИ ЗАПОСЕДНАА САЛИТЕ

Завршува 52 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

2 Vecerva - spektaklt  mjuziklot za Tose Tajno moja

Со свеченото доделување на наградите вечерва и со изведбата на мјузиклот „Тајно моја“ се окончува годинашниот 52. МТФ „Војдан Чернодрински“. Тричленото жири Митко Маџунков, Братислав Димитров и Слободан Деспотовски, ги обелодени наградените актери, режисерите, претставата…

Зад нас е уште едно издание кое понуди пресечен квалитет на претставите реализирани на македонските театри меѓу два фестивала. Некои предизвикаа восхит и се бараше билет повеќе. Особено беа масовно посетени од младите полноќните претстави во придружната програма, бидејќи беа според вкусот на идните генерации. И повозрасните, верни на традицијата и духовната надградба, доживеаја невообичаена тетарско патување.             

– Театарџиите се сентиментални врзани за фестивалот – вели и писателот Горан Стефановски.

tajno moja 1

Оттука се апелира час поскоро изградба на нова зграда, соодветен репрезент на македонскиот театарски фестивал, во која се прикажуваат претставите. Постојната е стара и актерите и останатите учесници на театарските креации создаваат во не баш добри услови.

Инаку, фестивалската завеса ќе се спушти со мјузиклот „Тајно моја” посветен на музичката легенда Тоше. Режисер е Тони Михајловски, а во него настапува нашиот сограѓанин Денис Димоски, а дел од екипата се и Игор Џамбазов и Весна Петрушевска.

Loading