ШЕСТ МЕСТА НАД РЕЈТИНГОТ

Шах

Во Залакарош, Унгарија, се одржа Б – турнирот за играчи под 2400 рејтинг – поени, а таму настапи најактивниот од прилепските шахисти, ФМ Роберт Велески. Само еден меч загуби, од домашниот фиде-мајстор, Јамриќ, ремизира со Параџиќ (Хрватска), ИМ Кемажитски (Украина), Цирквечич (Словенија) и ИМ Киш (Унгарија), а ги совлада Иштван, Лаза, ИМ Еперјеши (Унгарија) и Олариу (Романија).

– Имав позитивен скор со тројца интермајстори, против кои постигнав победа и две реми – смета Велески.

Почна со рејтинг од 20 и стигна до 14 место на конечната табела, на која врвот е за ФМ Радовановиќ (Србија).

Loading