ЗА ДЕНОТ НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД

6.Zadovolstvo na dve trkala

Околу 300 рекреативци беа дел од традиционалната велосипедска трка „Сите на велосипед”, долга 20 км. – од центарот до селото Мало Коњари и назад. Уште еднаш се промовира велосипедот како најеколошко и најприфатливо средство за патување кое не ја загадува околината.

Организатори на 12-тото издание за празникот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј”, беа ВК „Илинден” и општините Прилеп и Кривогаштани, Сојузот на училишни спортови на Прилеп и велосипедската федерација на Македонија, Традиционално беа доделени наградите за најмладиот и најстариот учесник на трката од двете општини.

Loading