,,БИТОЛА ПРИЛЕП – ПРЕКУТРУПА,,

На 31 мај во Центарот за култура

6Urnebesna komedija na teatarot   Bumerang

– Распрскани низ светот, секогаш се враќаме назад. Како бумеранг. Во родната Македонија. Токму тоа е асоцијацијата во името на нашиот театар. Бумеранг значи дека секогаш се враќаме дома, каде и да не пуштиш, каде и да сме – вели еден од актерите во театарот Бумеранг, кои во среда 31 мај од 20 часот во ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе ја прикажат урнебесната комедија ,,Битола Прилеп прекутрупа,,.

Преку комичните и карикирани ликови на мр. Џими (Мише Автаровски), мисс. Виолета (Елена Трпковска) и Џордан (Љупчо Крстевски) или мр. Џордан ќе видиме една необична секојдневна македонска и балканска приказна каде би се пронашол секој од нас.

– Претставата е ,,елегантно,, сатирична. Раскажува за Македонците, кои сме, што сме, какви сме и дали, ако заминеме, ќе ни недостасува тукашното?! – вели Мише Автаровски.

Loading