ШАНСА ЗА СЕДМОТО МЕСТО

ФУДБАЛ: ШКУПИ – ПОБЕДА 1-2

Од Штип почнува борбата за директен опстанок

2 Strelec na pobedonosniot gol -   Dejan Cvetanoski

Екипата на Победа ја прикажа најдобрата игра на гости, во Скопје, совладувајќи го со 1-2 домашното Шкупи. Израмнувачкиот гол го даде Гешоски со глава, а победоносниот со нога е дело на Цветаноски. За вториот гостински успех, по оној во Штип над Брегалница, придонесоа: Дав. Талески – Ѓорѓиевски, Мустафов, Ристевски, Илијовски – Ј. Наумоски, Карчески (90. Трајкоски), Војводиќ – Неданоски (57. Станиќ), Гешоски, Цветаноски (90. Шаркоски). Напаѓачот Шаркоски се врати во тимот по залечената повреда.

Трите бода вредат двојно, бидејќи се освоени против директниот ривал за седмото место. Разликата е само еден бод, а исчекор е можен во следното коло в недела кога Победа гостува на Брегалница. Штипјани се речиси е отпишани, зашто во претстојните четири кола имаат минусот 11 бода. Ако прилепскиот состав го освои целиот плен, а Шкупи очекувано загуби во Битола од амбициозниот Пелистер, в недела ќе биде заземено посакуваното седмо место. Можен е директен опстанок, иако бараж, преку дополнителни два меча против второлигаш, не е нешто непремостиво за тимот на Штерјовски.

Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Loading