ЃУРЃОВДЕН ГО СЛАВАТ И ХРИСТИЈАНИТЕ И РОМИТЕ

2. Polni manastiri  za praznikot

Неколкуте манастири и цркви во околината на градот ги збраа верниците на Ѓурѓовденско празнување и негување на традицијата. Славата на Великомаченикот Свети Георги се поврзува со будењето на вегетацијата. Плипот од народ во Селце, Беловодица и кај Присад. Манастирските комплекси се сé попривлечни, оти последниве години се одржуваат адетите од дедо прадедо поради пристапноста и асфалтираните патишта. Лесно се стигнува до Лениште, До Волково, до Зрзе, до Трескавец, до Св. Никола во Мариово. Годинава ќе се гради патот за манастирот Прилепец, познат како воздушна бања.                        

Ѓурѓовден е празник и на Ромите кои свечено се облекуваат, ставаат накит и насекаде одекнува песна, музика и се играат ора. Домовите се украсуваат со расцветани гранчиња за добредојде на пролетта. Обредите вклучуваат капење во вода со цветови. Обичај е на трпезата да има јагнешко месо. Весело и разиграно е на традиционалниот излет на Дабнички завој.

3. Romski gurgovdenski izlet

Loading