Железарница полна со прилепчани

Историја

Есента 1987 година беше една од најуспешните во историјата на Победа. Низата од седум победи беа постигнати во ,,сојуз” со публиката која ја придружуваше и на гостувањата. На 18 октомври црвената боја доминираше на стадионот Железарница во Скопје, каде се играше дуелот од Втората југословенска лига, Металург – Победа. Домашниот клуб отстапи од вообичаениот бесплатен влез и наплаќаше влезници. На единствената трибина се собраа 3.000 гледачи од кои 90 отсто беа прилепчани. Војник застана пред публиката и извика ,,Победааа!”, по што безмалку цела трибина се крена на нозе.

Победа победи со голот на С. Најдоски.

Loading