Прилеп со акламација го доби Европското 2019

Моделарство: На собранието во Лозана

– Поддршката е од сите 45 делегати

6.Sobranieto vo Lozana

Во Лозана, Швајцарија, Меѓународната астронаутичка федерација го одржа Редовното годишно собрание, на кое државава ја претставуваше делегатот на ВФМ, Здравко Тодороски од клубот Фил феникс Прилеп. Делегатите утврдија стратегија за развој, усогласија законската регулатива за летање со беспилотни возухоплови и дронови, усвоија технички нормативи, извештаи за одржаните шампионати и натпревари од светски куп во 2016 г. и доделуваа локации за идни континентални и светски првенства.

Македонските натпревари од светскиот куп и посебно светскиот шампионат во градов, беше високо оценет во сите елементи. Затоа претстои продолжување на континуитетот за оранизирање на вакви врвни натпреварувања. Со акламација прифатена е кандидатурата на Македонија да биде организатор на Европскиот јуниорски шампионат во 2019 година.

Првиот нареден в недела е Државното првенство во воздухопловно моделарство за предвесник на Првиот светски куп во дронови на 27 и 28 мај.

Loading