Потврден талентот

Стрелаштво

Најнадежните прилепски стрелци го потврдуваат талентот на секој настап. На Третиот државен куп со воздушна пушка во Битола се покажаа со одличен пласма членовите на СК Стрелец 09. Кај пионерите блесна Лазар Лазарески со 168 круга, доволни за прво место, додека кај пионерките Ирина Јованоска со 166 круга е второпласирана.

Нема одмор оти претстојат напорни тренинзи и подготовки за Државното првенство.

Loading