По три бода во Гевгелија

Ракомет

Викендов женската ракометна екипа на Прилеп ќе гостува во Гевгелија. Од составот на тренерот Рубин Богојески се очекува атак на трите бода. Освен теренот, се е на страната на гостинките – квалитетот, пласманот, традицијата и формата. Претходно беа постигнати две победи над Пелистер во купот дома и во првенството во Битола.

Табела: Металург 57, Вардар јуниор 54, Куманово 42, Прилеп 24, Овче Поле 18, Гевгелија 15, Пелистер 6.

Машката екипа на Прилеп во плеј-аутот од Супер лигата забележа две победи со ред. Прво дома со 27-24 го совлада Металург 2, потоа со 27-31 го победи Пролет во Скопје.

Следи пауза до 14 мај. Табела: Радовиш 33, Пролет 32, Прилеп 31, , Вардар ј. 25, Металург 2 – 18, Работнички 0.  

Loading