РАДЕСКИ ИМА ГОЛГЕТЕРСКО ЧУВСТВО

Germanec na Mogila - Tomas   BrdaricТомас Брдариќ

На стадионот „Могила“, Шкендија го совлада домашниот Пелистер со 0-1, а стрелец беше Марјан Радески. Тетовчаните беа задоволни од играта и резултатот, вклучително и тренерот Томас Брдариќ, Германец со хрватски корени, некогашен репрезентативец на Германија. Таква фудбалска величина ретко доаѓа во градов.

Голот е дело на прилепчанец – Радески?

– Навистина? Тогаш најдобро решение сме имале денеска во нападот.

Ваше мислење за него?

– Млад, а веќе со искуство. Може да се развие во голем играч. Има уште место да напредува.

Недостатоците?

– Потребни му се повеќе натпревари. Се гледа дека сака да учи. Низ секој нареден меч ќе биде сé подобар и подобар.

Квалитетите?

– Брз е, има чувство за гол и може да користи шанси. Имаше повреда и му беше потребна поддршка. Ја има нашата доверба во неговите можности и убедени сме дека стоотсто ќе успее.

Loading