ПАРК БЕЗ ПРОЛЕТЕР

Vlezot na parkot so edna statua na rabotnik

Паркот на револуцијата со Алејата на народните херои и со Могилата на непобедените е грандиозното дело, во чиј уметнички дел се вложил славниот архитект Богдан Богдановиќ. Покрај криптата на могилата со моштите на стотици паднати прилепски борци, алејата со бистите на десетте прилепски народни херои и седумте фигури во антички стил од бел мермер, од кои едната е поголема и го симболизира непокорот и храброста на шесте скултури да го урне и победи далеку помоќниот непријател. Авторот на главниот влез проектирал и две скулптури на работник – пролетер. Десната статуа се поставила при почетокот на уредувањето и требало да се постави и левата. Но, од непознати причини левата фигура не стасала. Со времето локалните функционери и преживеаните борци ја сметнале и веќе поставената фигура.

Богдановиќ не сакал да создава мегаломански кули за симболизирање на слободата, жртвите и победата, туку ја воздигнувал народно ослободителната борба со импресивна имагинација во мермер и со антички елементи, несвојствени за социјалистичкиот период.

Паркот на револуцијата денес блеска во ново модерно издание. Актуелните градски власти темелно го преуредија просторот и го претворија во атрактивна локација. Збогатен е со нови содржини и архитектонски решенија. Стана привлечен не само за прилепчани. Други намерници се поклонуваат на останките од борците, положуваат цвеќе на бистите на хероите, плакнејќи ги очите во зеленилото и водите на фонтаните. Слично како некогаш кога паркот бил собиралиште на младите, кои биле авангарда на градот.

Loading