НЕМА ВОДА – НЕМА КОШАРКА

Историја

Водата беше проблем број еден за градов кон крајот на осумдесеттите и на почетокот од деведесеттите години од минатиот век. Тоа се одрази и врз спортот. На 29 и 30 септември 1990 година од страна на Кошаркарскиот сојуз на Југославија беше планирано Прилеп да биде домаќин на голем спортски настан – четвртфиналната група од Купот на Југославија во кошарка за мажи. Во салата ,,Македонија” требаше да се пресметаат меѓу себе екипите на Босна (Сараево, Б и Х), Шибенка (Шибеник, Хрватска), Работнички Скопје и Раднички (Белград, Србија). Меѓутоа, проблемот со водата беше нерешлив.

,,Иако бевме свесни дека ниту во нашава сала, ниту во хотелот ,,Липа” нема вода, се кандидиравме со надеж дека водоснабдувањето ќе биде решено. Бидејќи се покажавме како добри домаќини на ланскиот турнир, КСЈ ни ја даде довербата. Но, мораме да ја откажеме организацијата. Колку ова ќе влијае врз нашето реноме останува да видиме – изјави тогаш Димитар Мавцоски, директор на салата.

Претходната година на истото место се одржа куп-турнирот со учество на Партизан Белград, Цибона Загреб, Шибенка и Будуќност Подгорица.

Loading