„МИХАЈЛОВО“ ВО ПРИЛЕП

Изложба

Изложба на 30 дела од 20-тото издание на ликовната колонија Михајлово од Кавадарци ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Станува збор за творештво на уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција… од интернационалната колонија на Кавадарци.

Веќе две децении колонијата се вбројува меѓу најплодните во земјата и со учество на стотици ликовни уметници од целиот свет, меѓу кои и неколкумина прилепски уметници.

– Делата сведочат за специфичноста, духовното и културното наследство, пред сé, за вклопувањето на различни генерации сликари од различни култури – вели историчарот по уметност Јованка Андонова.

Loading