МАРШ НА СЕЛЕЧКА

Планинарското друштво Мамути в недела организира марш посветен на Томе Темелкоски, човекот кој беше иницијатор за градбата на планинарскиот дом на Селечка планина. Се очекуваат околу 400 учесници. Стартот ќе биде во 8 часот од кај манастирот Св. Димитрија во селото Селце. Патеката е средно тешка, околу 15 км., со неколку паузи за погледи на Пелагонија.

Се негува надеж дека маршот ќе стане традиционален за Томе Темелкоски, човекот кој го остави во наследство домот на Селечка и споменикот Устрелец посветен на загинатите бранители на Карпалак.

За учесниците е организиран ручек.       

Loading