СЕНЗАЦИЈА

Ракомет жени

Ова е најкусиот коментар за поразот на екипата на Прилеп дома со 20-22 од Овче Поле. Се очекуваше сигурен триумф поради забележаните победи есеноска и дома  и во Свети Николе. Се наѕираше изненадувањето во првото полувреме и на почетокот од второто, кога гостинките поведоа со 10-17. Прилепчанките успеаја да израмнат на 20-20 и имаа шанси за победа, но брзоплето ја губеа топката и казната стигна. Очигледно нешто не беше како што треба. Некои позиции беа слаби, а немаше доволно искусен кадар за пополнување на една постава, камо ли за ротација. По заминувањето на неколку првотимки, добра страна е што се дава шанса на најмладите за да го покажат талентот. Следи дуел дома со фаворитот Куманово.

Табела: Металург 51, Вардар ј. 48, Куманово 36, Прилеп 21, Овче Поле 15, Гевгелија 12, Пелистер 6.

Loading