ГОСТУВАШЕ МАНАСКОВ СО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Ракомет

Zaednicka fotografija na    veteranite

Пријатно изненадија некогашните репрезентативци со појавување на паркетот во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Предводени од легендарниот ракометар на 20 век, Пепи Манасков, одиграа ревијален меч со некогашните првотимци на Тутунски. За екс-репрезентацијата настапија: Кимевски, Марковски, Зарков, Кузмановски, Николовски, Манасков, Давковски, како и некогашните ,,тутунари” Стефановски, Т. Димоски, Бисимов, К. Илиески и Макалоски. Покрај нив за Тутунски играа: Б. Николоски, Лашкоски, Богојески, Ј. Локвенец, Цветкоски, Вренцоски, Б. Петкоски. Б. Митрески, Седлоски и К. Трајкоски. Судеа Ангелески и Стефаноски. Крајниот резултат е 18-18, а скоро ќе има реванш. По овој меч се одигра првенствениот од плеј-аутот Прилеп – Вардар ј. 34-27 (Бозароски 11, Орјоникидзе 9). Следи гостување во Радовиш.

Табела: Радовиш 27, Пролет 26, Прилеп 25, , Вардар ј. 19, Металург 2 – 15, Работнички 0. 

Loading