УМЕТНИЧКИ КРИЛЈА ЗА ТАТКОВИНАТА

Мартин Пресилски создава патриотски клипови          

Video so nacionalni boi - Martin Presilski               

Младиот прилепчанец Мартин Пресилски ја изразува својата национална свест преку подготовка на мали видео клипови. Инспирација му е и националниот спорт, настапите на македонските селекции. Со нетрпение ги очекува мечевите на фудбалската, ракометната или кошаркарската репрезентација, па и македонските тимовите кои бијат мегдан во европските купови.

Последниве месеци му врие националниот дух со изработка на куси спотови посветени на поткревањето на патриотските чувства. Клипот ,,Чекори,,  поставен на YOU TUBE каналот, претставува уште едно камче во будењето на националната припадност.

– Пресудна е љубовта кон родната земја. Најчесто ја доловувам емоцијата на нашиот народ, жарот за докажување, простумот, непокорноста, борбеноста на теренот и неуморниот дух за триумф, не само на спортските терени. Клиповите посветени на Македонија, хронолошки ги инсертирам низ историските светли настани кои носат порака, а кои се дел од моите национални чувства. Низ монтираните видеа ставам уште некој ,,пердув,, во родољубивите крилја на мојот народ – вели  Пресилски.   

Првиот клип бил поставен пред пет години за најава за македонските ракометари на европското првенство. Творештвото наишло на голем одѕив на социјалните мрежи кај нас и ширум Европа. Креацијата се прославила  иако немала претензии да стане официјален спот. Тоа му дало повеќе творечко гориво да го бележи скоро секој поважен момент на националните спортисти без разлика на победите или поразите. Целта била да ја изрази душата со спакувана видео анализа низ атрактивна музичка илустрација.

Пресилски учествувал во повеќе аматерски филмски проекти со кои на дел освоиле награди. Творечкиот порив не стивнува, туку се распламтува. 

Loading