О-РУК ЗА ВОДОВОД

Zasuceni rakavi za voda doma bez gumovi

Кога се поставувале водоводните цевки од азбест низ улиците пред педесетина години, не се штедело енергија и сила, за помош што побрзо да се сместат и поврзат, да се затрупаат каналите, за да дојде дома благодетта – водата. Дотогаш, за задоволување на потребите, вода се носело со ѓумови и бардиња од неколкуте градски чешми. Со оглед на богатството подземни води, такаречи секоја куќа имала бунар со цевка или копан бунар за одржување на хигиената.

Но, водата во славина дома, канализација низ бетонираната абдесана, било рај и големо олеснување. Да не зборуваме за можноста за лесно капење, перење. Побогатите исѕидале бањи каде водата ја грееле на дрва. Најбогатите имале и тоалети. Но, далеку од денешните, туку бетонски, со цевка која водела до септичката јама, најчесто до градските бразди. Затоа домаќинките наутро полевале вода, ја туркале со метли фекалијата надолу по браздите, додека не се направила и канализацијата.

Водата што некогаш била куртул за жедта и маката на домаќинките, ретко тече низ азбестните цевки. Се менува некогашната радост. ЈП Водовод и канализација постепено ги вади старите и поставува нови со безбедносни својства.   

Loading